Connect with us

Други спортови

Ново чудо во Париз, полуфинале на Ролан Гарос за историјата

Париз, 6 октомври 2020 (МИА) – Аргентинската тенисерка Надја Подороска се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос, откако по два сета ја совлада Украинката Елина Свитолина – 6: 2, 6: 4.

Подороска, која во моментов е 131. тенисерка во светот, за еден час и 20 минути стигна до победата над третата носителка.

Таа го одзеде сервисот на Свитолина осум пати и напиша историја во Париз.

Аргентинката е првата тенисерка која се пласирала во полуфиналето на Ролан Гарос од квалификациите. Во исто време, за прв пат во нејзината кариера се пласираше во полуфиналето на Гренд-слем турнир.

Подороска е само третиот квалификант во Опен ерата што се пласира во полуфиналето на еден од четирите најголеми турнири.

Во полуфиналето ќе игра против победничката од натпреварот помеѓу Италијанката Мартина Тревизан и Ига Швионтек (Полска).