Поврзи се со нас

Фудбал

Ново понижување: Барса треба да плати пет милиони евра на Ливерпул доколку Кутињо ја освои ЛШ со Баерн

Филипе Кутињо пристигна во Барселона на почетокот на 2018 година од Ливерпул како големо засилување.

Каталонците издвоија дури 160 милиони евра за да го доведат Кутињо, но тој навистина не се прослави на „Камп Ноу“. Барса реши да го испрати на позајмица минатото лето, иако Кутињо е со многу подобар квалитет од сите играчи од средниот ред на Барселона.

Фактот што го отпишаа премногу рано се одмазди на нив синоќа во најтешкиот пораз на Барселона во историјата. Баерн ги совлада Каталонците со 8:2, а два гола постигна Кутињо, кој се уште е нивни играч.

Исто така, во договорот за трансфер помеѓу Кутињо и Ливерпул, постои клаузула дека Барселона ќе мора да плати пет милиони евра доколку овој играч ја освои Лигата на шампионите, а тоа ќе биде понижување.

Имено, Барселона ќе мора да ја плати таа сума дури и ако Кутињо и Баерн станат европски шампиони затоа што тој сè уште е врзан со договор за Каталонците. Срамот на лидерите на Барса, се чини, никако да заврши.

Advertisement

Facebook

Реклама