Фудбал
Ново разочарување во Торино: Верона му одзеде бодови на Јувентус
Јувентус и Верона ремизираа (1: 1) во натпреварот од петтото коло на италијанската Серија А.
Торинскиот тим не блеска оваа сезона. Иако се уште се без пораз, тимот на Андреа Пирло не блеска и вечерва и дозволија на Верона да им ги одземе бодовите.
Гостите играа отворено на овој натпревар. Тие имаа свои шанси, но Јувентус е тој што може да жали за шансите во првото полувреме. Квадрадо имаше најголема шанса па ја погоди пречката, а голот на Алваро Мората беше поништен поради офсајд.
Тие заминаа на одмор без голови, а во 60. минута шок за домашниот тим. Андреа Фавили погоди веднаш по влегувањето во игра за предност од 0:1 .
Како што се очекуваше, Јувентус жестоко се движи откако прими гол. Домаќините создадоа шанси, а во 78. минута стигнаа до целта. Дејан Кулушевски погоди за 1:1.