Connect with us

Фудбал

Новото засилување на Вардар доаѓа од Јапонија

Јасухира доаѓа како позајмен играч до Висла Плоцк, а Вардар ќе има приоритет доколку сака да го откупи неговиот договор. Тој е првиот Јапонец што ќе биде дел од Вардар.

По една седмица тренирање со екипата Јапонецот Косуке Јасухира (23) го потпиша едногодишниот договор со „црвено-црните“.

Потекнува од јапонскиот Нипон Универзитет, игра на среден бек, поседува брзина и експлозивност. Веќе цела седмица тренира со Вардар, прво во Скопје а сега и во Маврово и веќе се вклопува во екипата.