Connect with us

Фудбал

Њукасл го потопи Челзи и му се заканува на Манчестер Сити

Се чини дека Некасл е сериозен. Клубот на богатите шеици дојде до нова голема победа во 16. недела од Премиер лигата откако на домашен терен го совладаа Челзи со 1:0.

„Сините“ го претрпеа третиот последователен пораз во првенството и сега паднаа на осмото место на табелата со 21 бод, далеку од лидерот и зонатас која води во европа.

„Страчките“ го надминаа Тотенхем и се искачија на третото место на табелата, со само два бода помалку од второпласираниот Манчестер Сити по изненадувачкиот пораз на „граѓаните“ против Брентфорд.

Њукасл е тимот кој забележа најмногу чисти голови (7) оваа сезона во Премиер лигата и заедно со Арсенал е тимот кој примил најмалку голови во натпреварувањето (11).