Connect with us

Фудбал

Обамејанг прва летна желба на италијанскиот гигант

Антонио Конте добро ги предводи Интер. Минатиот викенд го искористија ремито на Јувентус со Сасуоло 2:2, па со победа над Спал од 2:1 го зазема лидерското место. Сепак, трката на неколку фронта остава траги. Моменталниот остав нема сили да се натпреварува со големите тимови во Лигата на шампионите.

Поради тоа во зимскиот преоден рок се планирани неколку освежувања, но тимот веќе размислува и за летниот преоден рок.

Според италијанските медиуми прва летна желна на Антонио Конте е напаѓачот на Арсенал Обамејанг. Тој не е задоволен во дресот на „Топџиите“, односно не верува дека амбициите се големи и дека може тимот да постигне нешто повеќе, па поради тоа сака да се пресели во тим кој се бори за шампионска титула. Интер има намера за такво нешто следната сезона, па според информациите Обамејанг е еден од играчите кои Конте ги посакува за правење на шампионски тим.