Connect with us

Кошарка

Објавен извештајот од обдукцијата на телата на Коби Брајант и останатите, познати деталите

Според извештајот објавен по обдукцијата на телата се вели дека, пилотот немал алкохол во крвта или дрога во организмот. Воедно се наведува дека кај сите девет лица кои загинаа, смртта настапила на лице место како последица на силниот удар. Извештајот само ја опишува страшната хеликоптерка несреќа. Во него се вели дека имало имало скршени коски, скршени черепи, делови од распрнати тела и изгореници. Според обдукцијата Коби Брајант, неговата ќерка и останатите седум патници, немале никаква шанса да преживеат бидејќи падот бил многу силен.

Коби Брајант, неговата ќерка, пилотот и уште шест други патници, вкупно девет лица, загинаа во хеликоптерската несреќа. Првичните информации велат дека причина се лошите временски услови, но сепак ќе има судење бидејќи неговата сопруга поднесе тужба против пилотот. Несреќата се случи на 26 јануари оваа година.