Connect with us

Фудбал

Објавен обдукцискиот наод за смртта на Марадона

Диего Марадона, кој почина на крајот од ноември од срцев удар, срадал од проблеми со срцето,  црниот дроб и бубрезите, а наодите од извршната аутопсија покажуваат дека тој не примал лекарстава за кардиковаскуларната болест.

Според резултатите, што ги соопшти Јавното обвинителство во Сан Исидро, едно од предградијата во Буенос Аирес, токсиколошките испитувања не утврдиле присуство на алкохол и наркотични дроги во крвта и урината. Утврдени се траги од коктел лекарства што се издаваат само на рецепт и се користат за лекување на широк дијапозон, вклучувајќи депресија, шизофренија, нервно растројство и напади на паника.

Марадона, кој почина на 60 години, имаше долга историја на лекување од зависност од алкохол и дрога

Аргентинското обвинителство издаде наредба за обдукција врз неговото тело, во рамки на истрагата што треба да покаже дали смртта на славниот фудбалер настанала како последица на медицинска негрижа.

„Резултатите што ги добивме од лабораториските испитувања докажуваат дека на Марадона му биле давани психотропни супстанци, но не и лекарства за срцевата болест“, изјави анонимен претставник на Обвинителството за аргентинската агенција Телам.