SPORTM.mk
Од готово вересија! Македонија од рака ја испушти победата – Украина со пресврт до победа
Репрезентацијата на Макаедонија иако одигра одлично прво полувреме против Украина и на пауза заминаа со 2:0, не успеаа да ја зачуваат предноста во второто пулувреме, па натпреварот заврши со пресврт за Украина и конелен резултат 2:3.
Нашите репрезентативци одлично го започнаа првото полувреме, доминира на теренот играјки со прецизни додавања од нога до нога.
Имаше неколку сериозни шанси за Македонија, а во 31. минута Матвијенко играше со рака во шеснаесетникот. Судијата досуди пенал за Македонија, а Енис Барди ја презеде одговорноста и биеше прецизно од белата точка.
Во 39. минута Елиф Елмас дојде до топката и упати силен удар од далечина. Тоа беше најдоброто решение бидејќи топката го најде патот до мрежата до десната статива. Анатолиј Трубин само ја гледаше топката, а резултатот се промени на 2:0.
На почетокот на второто полувреме Украина парвеше пресинг, а во 62. минута коренер за Укрраина, Забарњи највисоко скокна и ја упати топката со глава од околу 11 метри. Тој шутираше силно и прецизно во долниот лев агол и го промени резултатот на 2:1.
Конопља во 67. минута по одлично додавање мина низ одбраната и со прецизен удар го совлада Димитриевски за 2:2.
Македонија остана со играч помалку во 73. минута, Висар Муслиу требаше да биде малку повнимателен. Направи груб фаул, доби втор жолт картон и тоа беше исклучување и голем хендикеп за Македонија!
Украина ја искористи предноста од играч повеќе па во 83. минута Виктор Циганков скокна на одличен центаршут и со глава ја упати топката под пречката за конечни 2:3 и пресврт на Украина.
Следонит натпревар Македонија го игра против Англија на 19.06 со почеток во 20:45.