Connect with us

Фудбал

Од Саудиска Арабија со понуда до Манчини

Федерацијата на Саудиска Арабија е подготвена со своја понуда до поранешниот селектор на Италија, Роберто Манчини. Како што е познато, вчера од Италијанската фудбалска федерација беше објавена изненадувачката вест дека специјалистот повеќе нема да биде на чело на „Сквадра Азура“.

Саудиска Арабија е подготвена да му понуди 3-годишен договор на Манчини , а Италијанецот ќе добива плата од околу 40 милиони евра годишно, тврди „Гаџета дело спорт “. Саудијките бараат нов селектор откако претходниот селектор Ерве Ренар ја напушти функцијата за да ја преземе француската женска репрезентација.

Доколку Манчини се согласи на понудата, ќе стане еден од најплатените тренери во светот. Претходно се појави информација дека Саудијците на специјалистот му ја понудиле „поскромната“, но повторно солидна плата од 18 милиони евра годишно.