Connect with us

Ракомет

Одиграни три средби во ракометниот шампионат на Македонија

Во ракометниот шампионат на Македонија беа одиграни три натпревари од второто коло.

Дербито во Битола, меѓу Еурофарм Работник и Охрид заврши без победник 21-21 откако првиот дел го добија гостите со 10-14, а во вториот подобри беа домаќините со 11-7.

Во вториот меч одигран во Битола, екипата на Пелистер забележа рутинска победа над младиот тим на Металург 2 кого го совлада со 37-21.

Најнеизвесно беше на дуелот Прилеп – Пролет кој им припадна на домаќините со 29-27, откако гостите од Скопје го добија првиот дел со 13-14.

Второто коло ќе биде комплетирано денеска со натпреварот Вардар Јуниор – Радовиш.

Слободен во ова коло беше тимот на ГРК Борец.