Connect with us

Фудбал

Одличен ден за клубот: Фановите на Њукасл слават на улица (ВИДЕО)

Инвестициски фонд од Саудиска Арабија денеска стана мнозински сопственик на англиски Њукасл.

Преземањето на тимот од „Ст. Џејмс Парк“ е официјално потврден од Премиер лигата и Њукасл стана еден од најбогатите тимови во светот.

По официјалната објава дека богатите Саудијци го преземаа клубот, дојде до голема прослава меѓу навивачите на овој клуб.

Тие се собраа пред стадионот „Ст. Џејмс Парк“ за да го прослават овој историски ден за клубот.

Њукасл сигурно ќе има големи инвестиции во иднина, а целта на новото раководство е Лигата на шампионите.