Connect with us

Фудбал

Одлични вести, до крајот на месецот навивачите се враќаат на стадионите

Шпанското фудбалско првенство ќе продолжи за три дена, со големото градско дерби помеѓу Севиља и Бетис. Средбите ќе се играат пред празни трибини, но не за долго. Како што пишува „Мундо Депортиво“ до крајот на месецот во Шпанија навивачите ќе се вратат на стадионите.

Шпанската влада најверојатно ќе даде таква дозвола од 29-ти јуни навивачите на можат да присуствуваат на мечевите, но сепак нивниот број ќе биде редуциран. На почетокот ќе биде дозволено да биде исполнет 30 отсто од капацитетот. Тоа на пример значи дека на „Камп Ноу“ ќе може да има 30 илјади навивачи, додека на стадионот на Еспањол ќе има 15 илјади.