Фудбал
Одлучено – Модриќ ќе остане во Реал барем до лето
Лука Модриќ ќе остане во Реал Мадрид барем до крајот на сезоната и покрај сите шпекулации за негово заминување пред зимата. Ова го потврди извршниот директор на „Кралевите“, Хоне Анхел Санчез.
Оваа сезона хрватскиот интернационалец не е прв избор на Карло Анчелоти и играше значително помалку од претходните сезони. Ова е причината поради која често се зборува за неговото заминување.
„Не планираме да го продадеме Модриќ во јануари. За него не преговараме со ниту еден тим од Саудиска Арабија или од друга лига“, изјави Хозе Анхел Санчез.
Така, Модриќ ќе остане во Мадрид до крајот на сезоната, но се чини дека ова ќе биде последна година за играчот од средниот ред во Реал.
Во изминатиот преоден рок, Модриќ беше поврзуван со трансфер во Интер Мајами. За тоа се вели дека разговарал и со Дејвид Бекам, но засега таа опција е далеку од реална.
38-годишниот играч од средниот ред одигра 10 настапи за кралскиот клуб оваа сезона, без значајно влијание врз бројот на бодови на кралскиот клуб досега.
Лука се приближува до својот неверојатен 500-ти натпревар за Реал. Досега 498 пати го има облечено дресот на „белиот балет“, постигна 37 голови и 77 асистенции.