Connect with us

Фудбал

Официјално-Дејан Станковиќ!

Српскиот тренер Дејан Станковиќ и официјално е назначен за нов менаџер на Сампдорија.

По неколкудневни преговори и најави, конечно се беше финализирано. Дејан Станковиќ има нова работа во Италија, каде што го помина најголемиот дел од својата играчка кариера.

Тој потпиша договор со Сампдорија до 30 јуни 2023 година со можност за продолжување на соработката на уште една година.

Тоа практично значи дека неговата иднина во Џенова ќе зависи од тоа дали Сампдорија ќе остане во Серија А или не.

Станковиќ на клупата на Сампдорија ќе дебитира в сабота против поранешниот клуб на неговиот кум Синиша Михајловиќ – Болоња.