Фудбал
Официјално – Дешан потпиша, сега го чекаме Зидан!
Дидие Дешан останува селектор на Франција до 2026 година!
Оваа вест денеска ја потврди ФС на Франција, кој немаше причина да го замени Дешан по уште едно финале на Мундијалот и одличниот турнир во Катар.
Како тренер, Дешан го освои Светското првенство 2018, Лигата на нации 2021 година и стигна до финалето на Европското првенство 2016 и Светското првенство 2022 година, каде што беше поразен од Португалија и Аргентина.
Дешан на клупата на Франција одигра 139 натпревари, каде има учинок од 89 победи, 28 нерешени и 22 порази, со гол разлика 279:119.
Она што е особено важно е што доби уште еден мандат до следното Светско првенство, а Зинедин Зидан сега сигурно ќе прифати понуда од некој клуб.
Зидан ја чекаше клупата на Франција повеќе од една година, имаше струја во Здружението која го посакуваше по Катар, но Дешам во Катар покажа дека заслужува да остане селектор уште многу години.
Зидан наводно има понуда да стане селектор на Бразил, но таа се уште е на ниво на гласини. Исто така, се споменува дека конечно би можел да ја прифати понудата на својот Јувентус, која ја одбил во два наврати, еднаш за Реал, вториот пат за репрезентацијата, кога се надевал на селекторската позиција.
Претходно беше поврзуван со Манчестер Јунајтед, но со доаѓањето на Ерик тен Хаг таа врата беше затворена.