Connect with us

Фудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Еден Азар е нов играч на Реал Мадрид

Се чини дека првото големо засилување на Реал Мадрид ова лето е договорено. Станува збор за Еден Азар кој постигнал договор со клубот од своите соништа.

Долго време се шпекулира за негова можна преселба во шпанската престолнина која ќе се оствари во текот на летниот период, пишува „Марка“. Наводно, сите три страни постигнале договор, па Флорентино Перез во наредните неколку месеци ќе го претстави својот нов „галактико“ на фановите.

Челзи на крај попушти и прифати да се раздели со својата прва ѕвезда која одби продолжување на тековниот договор.

Зинедин Зидан конечно ќе може да соработува со еден од своите омилени фудбалери кој плени со брзината, енергијата и техничките квалитети со кои се издвојува од останатите. Францускиот тренер зборува за него уште од неговите денови во Лил.

28-годишникот ќе пристигне на „Сантијаго Бернабеу“ по седум години поминати во Лондон. За „сините“ одигра 341 натпревар и запиша 106 гола и 87 асистенции.