Поврзи се со нас

Фудбал

Официјално: Фиорентина доби нов тренер, се врати миленикот на навивачите

Тренерот на Фиорентина, Џузепе Јакини доби отказ. Тој не ги задоволи очекувањата на челниците на тимот за овие седум кола, во кои Фиорентина освои само осум бодови. Па, така од вчера нов тренер на „Виолетовите“ е Чезаре Прандели.

Прндели е миленик на навивачите на Фиорентина, бидејќи го предводеше овој тим од 2005-та до 2010-та. Го предводел овој тим на 240 мечеви, забележал 117, 56         нерешени средби и 67 порази. Во првата сезона која седна на клупата на овој тим во 2005-та година, го освои четвртото место и обезбеди пласман во Лигата на шампионите. Потоа следуваше скандалот „Калчополи“, беше зафатен и овој тим, одземени се 15 бодови, но и покрај тоа сезоната ја завршија на шестото место. Во сезоната 2008/09 завршуваат на четвртото место и обезбедуваат повторно пласман во ЛШ.

loading...

Facebook