Connect with us

Фудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Македонскиот напаѓач ќе игра во тандем со Подолски

Македонскиот напаѓач и поранешен репрезентативец и официјално е нов фудбалер на Анталијаспор. Турскиот клуб пред само два дена го промовираше Лукас Подолски како ново засилување, а сега соопшти дека и официјално потпиша договор со Адис Јаховиќ.

Тој доаѓа од Малатија, а претходно играл за Коњаспор, Гозтепе, Крилја Советов, Ријека, Ворскла, Цирих, Вил, Сарајево, Железничаер, Вележ Мостар, Македонија ЃП и Металург.

Го носеше и дресот на националниот тим на Македонија. Во досегашниот тек од сезоната во турската Супер лига, Јаховиќ постигна 11 голови и е на врвот на листата на стрелците. Пред него се само Сисе и Сорлот.