Connect with us

Фудбал

Официјално, викендов нема натпревар помеѓу Валенсија и Реал Мадрид, причината е позната, има над 90 загинати! (ВИДЕО)

Валенсија и Реал Мадрид во сабота вечерта требаше да го одиграат својот меѓусебен дуел од  12.коло во Примера. Сепак овој дуел нема да се одигра поради поплавите кои го зафатија регионот на Валенсија пред два дена во кои загинаа над 90 лица. Покрај оваа пресметка, одложен е и мечот Виљареал -Рајо Валјекано.


Пред два дена обилните дождови предизвикаа страшно невреме и поплави во регионот на Валенсија.  Според последните информации на тамошните власти има 95 жртви. Службите за итни случаи во источниот регион на Валенсија ја потврдија смртта на 92 лица. Уште две жртви биле пријавени во соседниот регион Кастиља Ла Манча, додека уште еден смртен случај бил пријавен во Андалузија.Самиот стадион на Валенсија, популарната „Местаља“ е претворен во складиште за помош на настраданите во поплавите.