Connect with us

Фудбал

Околу 100 навивачи учествувале во тепачка пред натпреварот Келн-Црвена звезда

Десетици навивачи на Црвена звезда се уапсени по тепачка со домашни навивачи во Келн пред натпреварот меѓу двата тима во Лига Европа, јави Танјуг.

Германската полиција привела најмалку 30 луѓе, претежно српски навивачи од околу 100 колку што учествувале во тепачка во близина на Фрајзенвол, на пат кон стадионот на Келн.

Припадниците на германската полиција брзо реагирале и спречиле потежок инцидент. Ситуацијата во градот засега е мирна и поради зголеменото полициско присуство.

Натпреварот меѓу Келн и Црвена звезда се игра вечерва во 19 часот.