Connect with us

Кошарка

Олдриџ останува во Сан Антонио уште три години

Сан Антонио спарс одлучи да му го продолжи договорот на еден од најдобрите кошаркари Ламаркус Олдриџ кој за новата тригодишна верност ќе добие 72 милиони долари.

Олдриџ во НБА клубот од Тексас е од 2015 година, а претходно играше девет години во Портланд.

Минатата сезона ја заврши со просек од 17,3 поени и 7,3 скокови по натпревар.