Connect with us

Други спортови

Олимпиец го ампутираше прстот за да може да настапи на ОИ во Париз, тврди дека вака било најдобро (ФОТО)

На австралискиот олимпиец и хокејар на трева Мет Досон му беше ампутиран прстот за да се натпреварува на Олимписките игри во Париз. Австралиецот доживеа ужасна повреда на прстот на десната рака за време на подготовките за Олимпијадата, ставајќи ги во сериозен сомнеж неговите надежи дека ќе се пласира на најголемото спортско шоу.

Но, откако на Досон, кој го освои среброто со репрезентацијата на Токио 2020, му беше кажано дека ќе закрепне многу побрзо ако му се ампутира скршениот прст, тој се одлучи на храбар потег.

„Донесов одлука да одам на пластичен хирург не само поради можноста да настапам во Париз, туку и до крајот на животот“, рече Досон, како што пренесува Olympics.com.

„Најдобрата опција беше да го „симнете“ врвот на прстот. Тоа е малку промена во моментот и возбудлив предизвик, претпоставувам“, додаде тој.