Connect with us

Други спортови

Оливера Наковска-Бикова е светска шампионка во стрелаштво со пиштол слободен избор

Оливера Наковска-Бикова, ја освои титулата светски шампион во дисциплината П4-Пиштол слободен избор на Светското првенство во Ал Аин во Обединетите Арапски Емирати.

Во квалификациите Наковска-Бикова беше одлична и со резултат од 538 го освои второто место, а исдто така и пласман во финале, иако на почетокот не можеше да се очекува ваков крај. После неколкуте одлични совети од тренерпт, Оливера ги подобри своите перформанси и сигурно зачекори во финалето.

Во самото финале уште на почетокот на ја презеде лидерската позиција и успеа да ја задржи до самиот крај.