Connect with us

Фудбал

Омерагиќ е најновото засилување на Вардар

Азер Омерагиќ денеска стави потпис на договор со Вардар.

Станува збор за 21-годишен напаѓач, кој потекнува од вардаровата младинска школа, а има играно и за Скопје и Шкупи за кој потпиша лани во јануари. Омерагиќ има настапувани и за Борец Велес како и за јуниорскиот тим на Хајдук Сплит.

Најтрофејниот фудбалски клуб во првото коло од новата сезона во ПМФЛ ќе гостува во Струмица кај тимот на Брера.