Connect with us

Фудбал

„Опен фан фудбал 2017“ во Кратово

На спортскиот терен „Мусала“ во Кратово денеска и утре ќе се одржи продолжтелната, втора сесија, од годинашната отворена фудбалска школа „Опен фан Фудбал 2017“.

– По втор пат годинава, преку дводневно дружење со „бубамарата“ околу двесте дечиња од шест до 12-годишна возраст ќе имаат можност да стекнат основни спортски и фудбалски вештини, преку анимација и ангажман во различни спортски игри, кои се спроведуваат на и десет т.н. станици, информира координаторот на школата во Кратово, Катерина Станковиќ.

Рече дека тренинзите и активностите ќе се одржуваат денеска и утре од 17 часот.

– Игрите се прилагодени на возраста на дечињата, а тренираат заедно, и момчиња и девојчиња, остварувајќи ја и првичната цел на концептот на отворените забавни школи од овој тип, промоција на заедништво и толеранција низ спорт, додаде Станковска.

Првата сесија се одржа во првиот викенд од месец септември, а за реалзиација на истата се задолежни десет тренери и десет асистенти. „Опен фан фудбал“ се одржува по тринаесетти пат во општина Кратово.