Connect with us

Тајмаут

Организаторите на Олимпијадата се извинија за ЛГБТ тајната вечера

Организаторите на Олимпијадата во Париз им се извинија на сите оние кои се налутени и погодени од начинот на кој беше прикажана големата слика „Тајната вечера“ на Леонардо да Винчи со употреба на луѓе со различна сексуална ориентација за време на отворањето на Игрите.

Сегментот за кој станува збор, кој ја пресоздаде библиската сцена на Исус Христос и неговите апостоли како го делат последниот оброк пред распнувањето, вклучува драг кралици, трансродова манекенка и гола пејачка облечена како грчкиот бог на виното Дионис, и предизвика бурни реакции кај католичката Црква и други католички и општо христијански групи.

„Јасно е дека никогаш немало намера да се покаже непочитување кон која било религиозна група. Церемонијата на отворањето се обиде да ја прослави толеранцијата на заедницата. Сметаме дека оваа амбиција е остварена. Ако луѓето се навредени, навистина ни е жал“, изјави на прес-конференција портпаролката на Париз 2024, Ен Декамп.