Фудбал
Оскар ја напушти Кина во солзи: За осум години заработи повеќе од Ибрахимовиќ и Иниеста за целата нивна кариера

Познатиот бразилски фудбалер Оскар дос Сантос Ембоаба Јуниор (33) некогаш беше еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот, а кога во јануари 2017 година реши да се пресели во редовите на кинески Шангај, сигурно не ни сонуваше дека ќе стане легенда на тој клуб.
After 8 years at the club, Oscar is set to leave Chinese side Shanghai Port.
He was moved to tears as fans begged him to stay after yesterday’s game… pic.twitter.com/fWefwZaW8c
— george (@StokeyyG2) December 4, 2024
Пред десет години започна трендот големите фудбалски ѕвезди да ја напуштат Европа во Кина поради нереално високите плати кои им се нудат. Тој проект многу брзо пропадна, а фудбалерите сè побрзо се враќаа во Европа, но Оскар не се реши на тоа, иако неговата репрезентативна кариера настрада поради заминувањето на Далечниот Исток. Имено, тој до својата 26-та година забележа 48 настапи за Бразил, но по заминувањето во Кина никогаш повеќе не доби повик. Сепак, кога ќе ја погледне својата банкарска сметка по осум години поминати во Кина, мора да биде среќен со неговата одлука да се оддалечи од големата фудбалска сцена практично на врвот на кариерата.
Тој вчера низ солзи се прости од навивачите на Шангај, за кои на 248 настапи постигна 77 голови и 141 асистенција. Во последната сезона на 33-годишна возраст исто така се истакна и постигна 16 гола со 31 асистенција на 40 одиграни натпревари.
Најверојатно кариерата ќе ја продолжи во татковината, а од Кина ќе се врати исклучително богат човек. Имено, Оскар заработувал 24 милиони евра годишно, а за осум години инкасирал дури 192 милиони. За споредба, Оскар за осум години во Кина заработи повеќе од Златан Ибрахимовиќ (120) и Андрес Иниеста (70) заедно во текот на нивните кариери.