Connect with us

Ракомет

Оставката одбиена, Кастратовиќ останува на кормилото на Металург

Зоран Кастратовиќ и во продолжението од сезоната ќе го предводи Металург. Тој понудил оставка, но истата е одбиена од страна на раководството на тимот.

Тренерот најави оставка по победата над Вардар Јуниор, до која тешко се дојде, со 33:31. Сепак, раководството имало состанок на кој било одлучено да не биде прифатена неговата оставка и тој да остане тренер.

Следниот меч Металург го игра против Горење на домашен терен. Пет голови негатива има тимот од Автокоманда кои треба да ги надомести ако сака да се пласира во следната рунда во ЕХФ Купот.