Connect with us

Фудбал

Острови со сензационална победа во Ереван: Ерменија поразена со 0-1

Фудбалската репрезентација на Фарски Острови приреди големо изненадување во нашата група, совладувајќи ја Ерменија на гостински терен во Ереван со минимални 0-1.

Клучниот момент на натпреварот се случи по половина час игра, кога Давидсен успешно реализираше пенал, запишувајќи се во листата на стрелци.

И покрај доминацијата на Ерменија, која упати 25 удари кон голот на гостите, не успеа да постигне погодок. Од друга страна, Фарски Острови упатија само два удари, од кои еден беше пеналот што им ја донесе победата.

Со овој резултат, Фарски Острови се искачија на второто место на табелата со шест бодови. Ерменија остана со четири бодови, исто колку и Летонија. Македонија е лидер во групата со десет бодови и со победа против Летонија вечерва, математички ќе го обезбеди првото место.