SPORTM.mk
Откако неговата сопруга бакна друга жена пред милиони гледачи, Тоти направи (не)очекуван потег
Франческо Тота и Илари Блази се разведуваат. Тоа беше ударна вест во вторникот на Апенините.
Принцот од Рим е во брак со Илари 17 години, а заедно се две децении. Сепак, се чини дека на љубовта и дојде крајот.
Наводно, односите меѓу двајцата се замрзнати некое време, а ситуацијата ескалирала на почетокот на февруари.
За време на семејното патување во Кастел Гандалфо, избила жестока расправија, додека пред неколку дена Илари направи потег кој уште повеќе го налути Тоти.
Имено, згодната Илари страствено во програма во живо пред милиони гледачи ја бакна Мишел Хунцикер.
40-годишната девојка направи сличен потег пред неколку години кога исто така ја бакна Белен Родригез пред ТВ камерите.
Инаку, впечатокот е дека кризата започна многу порано откако Илари не беше присутна на прославата на 45. роденден на Тоти во септември.
Инаку, Блази и Тоти се во брак од 2005 година. Тие го имаат синот Кристијан и две ќерки Шанел и Изабел.