Connect with us

Фудбал

Oткриена причината за трагичната несреќа во која животот го загуби познат фудбалер

Турската, но и целокупната фудбалска јавност беше потресена од несреќата во која животот го загуби Жозеф Шурал, играчот на Анталиспор.

Анталиспор вчера гостуваше кај Кајсериспор и тој натпревар заврши без победник 1:1. При враќањето од гостувањето дел од тимот, поточно седум фудбалер се враќале со минибус.

Покрај настраданиот Шурнал во минибусот биле уште Длајама, Баиано, Сисе, Велинтон, Саки и Калкер кои поминале со полесни повреди.

Сега турските медиуми ја откриваат причината за несреќата во која животот го загуби Шурнал и се изгледа повеќе трагично.

Имено, трагичниот настан се случил откако двајцата возачи на минибусот заспале.

Во ваквите минибуси секогаш има двајца шофери, а во моментот на оваа несреќа двајцата заспале. Тогаш тие се превртле неколку пати. Брзата помош пристигнала на местото на несреќата, но за Шурнал за жал веќе било доцна.