Connect with us

Фудбал

Откриени детали за „војната“ на Мбапе и првиот човек на ПСЖ, Ал Келаифи

Угледниот француски весник L’Equipe во денешното печатено издание ги откри сите детали од „војната“ меѓу Килијан Мбапе и првиот човек на Пари Сен Жермен, Насер Ал Келаифи. Дуото порано работеше заедно со најдобри услови, беа потпишани договори со рекорди, но љубовта почна да се распаѓа во јуни 2023 година.

Сè кулминираше со заминувањето на Мбапе во Реал и тужбата за 55 милиони евра кои фудбалерот ги бара од својот поранешен клуб на сметка на неисплатени плати и бонуси. Денешното печатено издание на L’Equipe открива шокантни и ексклузивни детали од распадот на партнерството, кое вклучуваше закани, солзи и на крајот судски епилог.

Се започна кога Мбапе му испрати писмо на клубот во кое најави заминување од ПСЖ и дека нема да го продолжи договорот. Најавата се оствари една година подоцна кога играчот потпиша за Реал Мадрид. Во февруари оваа година Мбапе побара приватна средба со Ал Келаифи и му потврди на својот претседател дека нема да потпише нов договор со ПСЖ. Незадоволен од оваа вест, Ал Келаифи му се закани на Мбапе дека никогаш во животот нема да потпише договор со Реал и дека ќе направи се тоа да се случи.

Катарскиот милијардер не можеше да го спречи, но тензијата растеше од ден на ден. Ал Келаифи потоа се обиде да го спречи Мбапе некогаш повторно да заигра за ПСЖ, а тренерот Луис Енрике значително ја намали минутажа по почетокот на „војната“. Сопственикот на ПСЖ потсети дека Мбапе мора да му прости на клубот 55 милиони евра „бидејќи тоа го ветил“. После тоа, фудбалерот одбил средба со Ал Келаифи во неговата куќа.

Конфликтот го расплака и помладиот брат на Итан Мбапе, кој само се бореше да го зацврсти своето име во светскиот фудбал. Младиот фудбалер кој настапуваше за ПСЖ јуниорс доби закани од Ал Келаифи дека никогаш нема да игра за првиот тим. Во мај, за време на последното коло од француската Лига 1, Ал Келаифи му нареди на тренерот никогаш повеќе да не го поканува Итан Мбапе на натпревари.

Килијан го видел својот помлад брат како плаче во соблекувалната, по што настанала жестока расправија во просториите на клубот. Постариот Мбапе во таа прилика му порача на Ал Келаифи дека никогаш нема да ги прости спорните 55 милиони евра. Дека сите тие зборови на Л’Екип имаат смисла е потврда дека младиот Итан Мбапе веднаш го напушти клубот и бесплатно потпиша за Лил каде што настапува денес. Кога Килијан Мбапе го напушти ПСЖ, тој испрати проштална порака до сите во клубот, од играчи, навивачи, до вработените во клубот, но не и Насер Ал Келаифи.