Фудбал
Ова е датумот кога ќе ја дознаеме судбината на Лав Месијата!
Лионел Меси се уште не го избрал својот следен клуб, бидејќи ја чека својата Барселона.
Жерар Ромеро по којзнае кој пат оваа недела со своите информации кои ги сподели со јавноста ги натера челниците на Ла Лига и Барселона да ги забрзаат преговорите.
Како што е познато, за враќањето на Лео Меси, Ла Лига треба да го одобри долгорочниот финансиски план на Барса, кој би им овозможил на Каталонците да работат во границите на фер-плејот.
Засега Барселона само му испратила неофицијална понуда на Меси, Аргентинецот се согласил на сите услови, но не сакал да го даде конечното „да“ додека не добие гаранции дека договорот ќе му биде официјално регистриран.
Денеска се појавија информации дека Ла Лига официјално ќе одговори на предлогот на Барса во вторник, по што се ќе биде познато. Каталонски извори тврдат дека доколку одговорот е потврден, враќањето на Меси нема да биде опција, туку гаранција.
Во превод, Ла Лига сега во свои раце го држи враќањето на Меси, што веќе беше познато до некаде.
Чави Ернандез по којзнае кој пат јавно кажа дека го чека Меси со раширени раце, исто како и целата соблекувална на чело со Роберто Левандовски, кој едвај чека да игра со Аргентинецот.
Меси на табелата има понуди од Интер Мајами и Ал-Хилал, но се уште ги чека Каталонците. Меѓутоа, ако не се знае се во вторник, не е невозможно ништо да нема од враќањето. За три дена ќе дознаеме каква е судбината на Лео…