Connect with us

Фудбал

Ова е тимот на Конте за продолжението од сезоната, има ли сили за битка за титула со Јувентус?

Италијанските медиуми веќе го одредија тимот со кој Антонио Конте ќе игра во продолжението од сезоната. Како засилувања веќе пристигнаа Ешли Јанг и Моузес, а треба да пристигне и Ериксен, кој во Милано се очекува во недела навечер или понеделник, бидејќи се е договорено со Тотенхем.

Поради тоа, италијанските медиуми го одредија составот во формација 3-5-2. Како што тие пишуваат, на голот ќе биде неприкосновениот Хандановиќ,  последната „тројка“ би ја сочинувале Шкриниар, Де Фрај и Бастони, бидејќи Годин слабо се снаоѓа со тројца класични дефанзивци. По бочните позиции би играче Ешли Јанг и Моузес, во средниот ред Барела и Брозовиќ, а пред нив би бил Ериксен. Во нападот секако би биле Лукаку и Мартинез.

За ротација Конте на располагање ќе ги има Дамброзио, Гаљардини, Сенси, Ранокија, Асамоа, Кандрева. Политано и Весино најверојатно ќе бидат продадени. Во нападот тука е Алексис Санчез, а се чека уште едно засилување, но не е познато дали ќе биде Љоренте или Жиру.

Дали овој состав има сила да му се спротивстави на Јувентус во битката за титулата. Во моментов предноста е четири бода на сметка на „Старата дама“.