Connect with us

Фудбал

Ова не се гледа често: Турскиот клуб поклони играчи на Фенербахче и Галатасарај

Раководството на турски Касимпаша се одлучи за навистина неверојатен потег.

Цинер Груп, која е сопственик на клубот, реши да им помогне на турските гиганти Фенербахче и Галатасарај и донираше по еден играч на овие тимови.

Така, Фенер го доби напаѓачот Мама Тијам потполно бесплатно, додека Галатасарај доби голман Фатих Озтурк, исто така потполно бесплатно.

Ниту Бешикташ не беше заборавен од оваа групација. Бидејќи тие ги поседуваат двете најголеми телевизиски компании во Турција, на овие станици им е дозволено бесплатно рекламирање.

Навистина е реткост вакво нешто да се случи во светот на фудбалот, но Цинер Груп е нешто посебно затоа што тие веќе потрошиле повеќе од 150 милиони долари за да му помогнат на турскиот фудбал.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com