Connect with us

Фудбал

Ова нема да им се допадне на фановите, таткото и дедото легенди на Милан, а тој „флертува“ со Интер и Јувентус

Фудбалерот на Монца, Даниел Малдини би можел да стане првиот фудбалер во неговото семејство кој ќе му се приклучи на еден од големите ривали на Милан во историјата, а тоа би можело да биде Интер или Јувентус. Малдини е во добра форма и заработи повик во италијанската репрезентација за која настапуваше и неговиот татко Паоло. Презимето Малдини со години се поврзува со Милан, неговиот дедо Чезаре во периодот од 1954 до 1966 година помина 12 сезони играјќи за Росонерите, а потоа неговиот татко Паоло целата своја кариера (25 години) ја посвети на клубот од Сан Сиро и стана легенда. Меѓутоа, откако помина низ сите младински селекции на Милан и дебитираше за првиот тим, на Даниел му беше кажано дека може да го напушти клубот. По две епизоди во Специја и Емполи, италијанскиот напаѓач пристигна во Монца на позајмица, што се претвори во трансфер. Тој со своите игри успеа да го привлече вниманието на неколку големи клубови меѓу кои Интер и Јувентус. „Тутоспорт“ пишува дека директорот на Интер, Пјеро Аусилио, бил виден на стадионот „Ју-пауер“, каде го следел натпреварот помеѓу Монца и Рома. Малдини е едно од двете имиња на неговиот список. Јувентус исто така го следи Даниел и би можел да се обиде да го доведе во своите редови во текот на зимата. Сепак, зделката може да се расипе со клаузулата која му дозволува на Милан да го врати во своите редови, како и правото на 50 отсто од профитот од следниот трансфер.