Connect with us

Фудбал

Ова што му се случува на Роналдо изгледа како тежок и лош сон

Кристијано Роналдо и Манчестер Јунајтед продолжуваат со катастрофални изданија во новата сезона.

По минатата бледа сезона, во која „црвените ѓаволи“ останаа без пласман во Лигата на шампионите, новата почна уште полошо и Јунајтед доживеа два порази во две кола.

Кристијано секако е означен како еден од главните виновници. Неговото однесување по мечот со Брентфорд е јасен знак дека не сака да биде таму и одби да се поздрави со навивачите.

Бројни европски медиуми во претходниот период пишуваа дека Кристијано Роналдо навистина сака да го напушти Јунајтед. Сепак, тој ги отфрли сите обвинувања, иако угледните весници објавија дека неговите услуги биле понудени на бројни клубови.

„Едноставно невозможно е да не се зборува за мене барем еден ден. Во спротивно не би заработиле пари. Знаете дека нема да привлечете внимание ако не пишувате лаги. Продолжете, можеби некако ќе погодите“, напиша Кристијано Роналдо.

Сепак, многу пореално е што клубовите одбија да го ангажираат Кристијано Роналдо. Италијанскиот „Кориере дело спорт“ денеска објави дека Жорге Мендеш им ги понудил услугите на 37-годишниот напаѓач на градските ривали Интер и Милан.

„На крајот на јуни и почетокот на јули, агентот Жорге Мендеш разговараше со тимови од Милано. Тој го почувствува теренот, барајќи можност ЦР7 да се врати во Италија. Во претходните недели услугите на Кристијано Роналдо беа понудени на Интер и Милан. Клубовите го отфрлија“, пишува „Кориере дело спорт“.

Претходно Кристијано беше поврзуван со бројни други великани на европскиот фудбал. Последен беше Атлетико, а претходно Баерн, Челзи и ПСЖ.

Сите тие наводно решиле да не го доведат Кристијано. Залудно е тоа што и на 37 години Португалецот е вистински ѕвер на теренот, а ниту еден од овие клубови не сакаше да ги наруши односите во соблекувалната.

Дури се шпекулираше дека ЦР би можел да се врати во својот Спортинг. Сепак, овие наводи беа отфрлени како неосновани, а Роналдо после се изјави дека е среќен во Манчестер.

Само тој знае дали е тоа вистина. Однесувањето на теренот кажува нешто сосема друго и ќе видиме што ќе биде со славниот португалски напаѓач.

За него во моментов сè изгледа како многу лош сон од кој никако не може да се разбуди. Тимовите порано лудуваа по него, но тоа време очигледно одамна помина.