Connect with us

Фудбал

„Овој пат нема збогум“ – Мулер го предупредува ПСЖ пред супер предизвикот во Лигата на шампионите

Томас Мулер реагираше со провокативен статус по ждрепката за 1/8-финалето на Лигата на шампионите, направена денеска во Нион, Швајцарија, а на која неговиот тим ќе се спротивстави на ПСЖ: „Овој пат нема немаз збогум“.

Тој продолжи со зборовите: „Две екипи со многу добри играчи, за жал една не може да оди во следната рунда. Со нетрпение го очекувам натпреварот.Ова е еден од најинтересните натпревари од 1/8 финалето, кој со нетрпение ќе го очекуваат дури и љубителите на фудбалот“.

Неколку моменти откако Баерн Минхен го дозна името на противникот, кој го сочинуваат првокласни ѕвезди како Меси, Мбапе, Нејмар, Донарума итн., Мулер се огласи на социјалните мрежи за да ја сподели својата реакција. Во однос на ждрепката, изненадувачки, ветеранот на баварскиот тим се чувствува сигурен.

Баерн беше елиминиран последниот пат кога овие две екипи се сретнаа во нокаут фазата од Лигата на шампионите. ПСЖ го совлада германскиот тим во четврт-финалето на гостински голови, иако го загуби реваншот со 1-0 во Париз. Парижаните дополнително се пласираа благодарение на победата од 3-2 на „Алијанц Арена“.

Во меѓувреме, во финалето на 2020 година, баварскиот гигант триумфираше над ПСЖ, момент кој се смета за инспирација за „одмазда“ на француската престолнина, кои речиси цела деценија потрошија милијарди за освојување на ова натпреварување, но не можат до . Дури и ова издание, првата голема пречка што треба да се надмине е Баерн Минхен, многу силен ривал со максималистички амбиции.

Томас Мулер ќе биде во акција за натперварот против Вердер Бремен, односно Шалке, пред да замине во Катар со германската репрезентација на Светското првенство.