Фудбал
Озил: Не жалам што играв за Германија
Играчот за врска на Арсенал, Месут Озил не жали затоа што играл за репрезентацијата на Германија.
– Секако, имам многу одлични спомени од играњето за националниот тим. Го освоивме Светското првенство во Бразил и бевме дел од големата ера на германскиот фудбал. Никогаш нема да кажам дека жалам што играв за Германија. Многу е кажано за крајот на мојата кариера во националниот тим, и не жалам за оваа одлука. Секогаш треба да продолжите понатаму во животот, изјави Озил.
Играчот за врска ја напушти германската репрезентација по критиките во земјата за фотографирање со турскиот претседател Реџеп Ердоган.
Тогаш Германецот со турско потекло изјави дека чувствува кон него „расистички и нефер третман.