Поврзи се со нас

Фудбал

Па дали е можно, Барселона по грешка му исплатила 10 милиони евра на Нејмар, па сега си ги сака назад

Луѓето задолжени за финансиите во Барселона направиле грешка во пресметките, па на сметката на Нејмар, за неговиот претстој во Каталонија, исплатиле 10 милиони евра повеќе од потребното. Сега, каталонскиот тим ги бара парите назад. Не се знае кој и зошто го сторил тоа и како е направена грешката, но таа била пронајдена кога направиле анализа на финансиите со цел штедење. Барселона од сегашните фудбалери бара да се согласат на намалување на платите, а секако со оглед на тоа дека има грешка и кај Нејмар ги бараат парите назад за да можат финансиски да ја преживеат кризата.

 

loading...

Facebook