Connect with us

Фудбал

Па, што правеше Донарума против Унгарија, какви само одбрани (ВИДЕО)

Италијанските фудбалери синоќа ја победија Унгарија со резултат 2:0 и се пласираа во фајналфорот од Лигата на нации.

Италијанците славеа со головите на Џакомо Распадори и Федерико Димарко, но вистински херој беше Џанлуиџи Донарума.

Во 50. минута, при водство на својот тим, голманот на Азурите имаше три феноменални одбрани за само пет секунди.

Тој прво интервенираше кога Лоик Него шутираше дијагонално од десната страна, потоа Доминик Шобошлаи шутираше од дваесетина метри, а потоа Адам Салаи шутирше од близина, но во сите три случаи Донарума беше фантастичен.

Донарума собра вкупно шест одбрани, а многумина на социјалните мрежи ја споредија неговата игра синоќа со онаа на неговиот легендарен имењак Буфон.