Connect with us

Фудбал

ПАДНА ДОГОВОР: Академија Пандев е првиот домашен клуб кој самостојно ги продаде ТВ правата

Академија Пандев е првиот македонски клуб кој самостојно ги продаде ТВ правата.

Академија Пандев склучи договор со „Спорт Клуб“, па во следните три сезони „Пандевци“ ќе ги гледаме на регионалната спортска телевизија.

Откако Академија Пандев, заедно со Шкендија го одбија колективниот договор со „Арена Спорт“, струмичани се пофамија на социјалните мрежи дека клубот самостојно ги продаде своите ТВ права на „Спорт Клуб“.

„На наше огромно задоволство објавуваме дека oд наскоро домашните натпревари на ФК Академија Пандев ќе се емитуваат во живо на регионалниот спортски телевизиски канал „Спорт Клуб“. ФК Академија Пандев е првиот фудбалски клуб во нашата држава кој самостојно ги продаде ТВ-правата на регионална телевизиска куќа. Договорот е веќе потпишан и важи за домашните куп и првенстевни натпревари за наредните три сезони, почнувајќи од тековната 2021/22, 2022/23 и 2023/24 сезона“, напишаа од Академија Пандев.

Facebook