Connect with us

Фудбал

„Падна“ најважниот потпис во Вулверхемптон

Вулверхемптон минатата сезона беше голем хит во Премиер лигата, а најзаслужен за сè е нивниот тренер Нуно Еспирито Санто.

Тој заврши одлична работа со тимот, и оваа сезона сака да се обиде да ги повтори одличните игри или да ги направи уште подобри.

Донесе засилувања, барем неколку, а денес самиот Нуно Еспирито Санто потпиша нов договор со тимот на Вулверхемптон.

Имено, тој потпиша нов тригодишен договор со Вулверхемптон, а навивачите се презадоволни од развојот на ситуацијата.