Connect with us

Фудбал

Панче Стојанов: “Ги искористивме своите шанси и заслужено дојдовме до победа против Пелистер“

Тренерот на Академија Пандев, Панче Стојанов е задоволен од она што се случува со тимот на стартот од дебитантската сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Академија Пандев по шест кола е на второто место на табелата со 11 бода, досега остварија три победи, два нерешени резултати и еден пораз што е над сите очекувања од пред почетокот на сезоната. Во шестото коло на домашен терен беше совладан Пелистер со 2-0.

„Натпреварот против Пелистер беше многу тврд, се соочивме со една одлична екипа, но знаевме дека ќе биде така и се подготвивме за тоа. Го анализиравме противникот и мислам дека одигравме доста стрпливо, ги искористивме своите шанси и заслужено дојдовме до победата. Можевме уште во првото полувреме да поведеме, но не искористивме два зицери. И покрај тоа, продолживме да играме трпеливо, знаевме дека можеме да дојдеме до победата.