Connect with us

Фудбал

Пандев: „Италија е фаворит, но ако одиграме како на натпреварот во Скопје, се може да се случи“

Пандев очекувано цело време се најде на центарот на вниманието од италјанските медиуми имајќи предвид дека речиси цела кариера игра во Италија, каде што освои све што може да се освојува на клупско ниво.

“Знаеме дека Италија е голема репрезентација. Ние сме подготвени, на последните натпревари игравме добро. Се надеваме дека утре ќе одиграме добар натпревар па ќе видиме што ќе биде. Италија е фаворит, но ако одиграме како на натпреварот во Скопје, се може да се случи. Имаме неколку играчи кои играат во Италија и тоа може да ни биде од корист. Знам дека дефанзивците на Италија се силни, можеби нема да можеме да направиме многу шанси, но ако на пример создадеме две-три прилики треба да бидеме концентрирани да ги искористиме. Добро би било да дадам гол, да одиграме нерешено и на крајот сите да бидеме среќни“, вели капитенот Горан Пандев.