Connect with us

Фудбал

Пандев ќе заплачеше по крајот: Не сум доживеал вакво нешто, мама миа, натпреваров ни скрати 5 години од животот!

Горан Пандев ја прокоментира лудата завршница во Серија А во која тој и Џенова обезбедија опстанок благодарејќи на победата на Интер над Емполи каде имаше драма до последните секунди.

Џенова синоќа одиграа 0-0 на гостувањето кај Фиорентина, бод кој значеше опстанок во случај Емполи да загуби од Интер.

Но во Милано се случуваше драма, „нероаѕурите“ поведоа на стартот од вториот дел е потоа промашија пенал за 2-0 и решавање на дилемите. Па Емполи се врати во игра и изедначи на 1-1. Сепак Наинголан погоди за 2-1 во 81. минута од мечот за ново водство на домаќините.

Интер во финишот панично се бранеше, Д’Амброзио во 89. минута спречи сигурен гол, а имаше и среќа откако топката која ја расчисти од два метри заврши во гредата. Во 91. минута Хандановиќ спречи шок и одбрани зицер на Емполи.

Длабоко во судиското надополнување Брозовиќ погодои од половина терен за 3-1, и кога Интер и Џенова почнаа да се радуваат, ВАР го поништо голот и следуваа пеколни 60-тина секунди во кои фудбалерите и навивачите на двете екипи се тресеа.

„Имам 36 години и никогаш не сум доживеал нешто вакво“ – рече Горан Пандев кој за малку ќе заплачеше по крајот на натпреварот.

„Заслуживме да останеме, победивме во директните мечеви со Емполи. Исто така сакам да му се заблагодарам и на Интер, мораме да им честитаме, ни направија услуга на нам и нашите фанови“.

„Џенова заслужува да остане во Серија А. Денешниве натпревари ни скратија 5 години од животот“.

„Убеден сум дека управата ќе направи силен тим за следната сезона. Фановите заслужуваат да бидат среќни и спокојни. Џенова е клуб кој не смее да се спасува во последните неколку минути од сезоната“.

Извор: 24 фудбал