Connect with us

Фудбал

„Пандевци“ преку Шкупи на чекор до полуфиналето во Купот

Екипата на Академија Пандев, со победата од 1:0 на гостувањето кај Шкупи на „Чаир“, и обезбеди значајна предност пред реваншот од четвртфиналето на македонскиот Куп во фудбал.

Струмичани во 93 минута го дадоа голот за победа. Шкендија во Тетово одигра само 1:1 против Работнички, па на возвратниот дуел во Скопје ќе биде интересно. Истото важи и за дуелот на Струга Трим Лум и Ренова, кои денеска на крајбрежјето на Охридското Eзеро, одиграа без голови.

Последниот меч од првиот дуел од четвртфиналето се игра подоцна попладнево, а се среќаваат второлигашите Брегалница Штип и Лабуништа. Реваншите се играат на 4 март