Connect with us

Фудбал

Паредес: Роналдо да стави уште 825 емоџи за да го покаже рангирањето на Златната топка

Играчот од средниот ред на Рома и Аргентина, Леандро Паредес го критикуваше Кристијано Роналдо поради смеа емотикони што Португалецот ги објави како коментар под видеото во кое шпански новинар ја исмева Златната топка на Лео Меси.

Во гласањето, играчот на Интер Мајами беше прв, додека на интернет се појавија колажи со кои Роналдо се најде на 829. место. Во исто време, неколку часа по церемонијата на доделување на Златната топка, Роналдо стави 4 емотикони за смеење под објавата на новинарот Томас Ронсеро.

„Кристијано мораше да употреби уште 825 емотикони за да го покаже својот пласман за Златната топка“, изјави Паредес за аргентинскиот Диарио Оле.