Connect with us

Фудбал

Партизан немоќен на „Олд Трафорд“, Манчестер Јунајтед рутински за лидерска позиција во групата

Манчестер Јунајтед славеше со 3:0 во дуелот со Партизан во четвртото коло од групата фаза од ЛЕ. На овој меч веднаш се виде разликата во квалитет, па трофејниот англиски тим со головите на Гринвуд, Мартиал и Рашфорд славеше рутински за нови три бода и лидерска позиција на табелата.

Доколку се погледне статистиката ќе се види дека тимот од Белград нема упатено ниту еден директен удар во рамките на голот, што доволно говори за нивната моќ на вечерашниот меч.

Јунајтед има 10 бодови, Аз Алкмар 8, кој вечерва славеше со убедливи 5:0 на гостувањето кај Астана, Партизан има 4, додека Астана е без бодови.